Акција на полицијата во велешко, уапсени се две лица

t

На 21.09.2023 во 16.00 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при СВР Велес ги лишиле од слобода П.П.(51) од село Плевење, општина Чашка и Т.С.(78) од село Теово, општина Чашка, а во 16.50 часот од слобода бил лишен и Н.Ш.(28) од Велес.

По преземени мерки било дојдено до сознание дека П.П. поседува огнено оружје.

Во службен разговор со него, П.П. изјавил дека поседува една пушка карабин која била во домот на Н.Ш., кој доброволно ја предал на полициските службеници заедно со неколку куршуми различен калибар. Додека, пак Т.С. на полициските службеници предал една ловечка пушка калибар 16и две воздушни пушки калибар 5,5мм и калибар 4,5мм.

Лицата биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електронски паричник од четврток: Личната карта и…

Граѓаните наскоро ќе можат да ги користат…

„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…

Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…

Андоновски за безбедносните недостатоци во ПИОМ: Мора…

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели…

Легендарниот кошаркар Бодирога влегува во српскиот парламент

Легендарниот кошаркар и поранешен репрезентативец на СФР…

Тепачка во казино во Струга

На 25.10.2026 во 15:25 часот во ОВР…