Алаpмот е вклучен: НАТО се подготвува за голема вojнa со Русија

t

„Северноатлантската алијанса се подготвува за голем вооружен конфликт со Русија“, изјави рускиот заменик министер за одбрана Александар Фомин на брифингот пред воените аташеа и претставниците на странските амбасади акредитирани во Москва.

„Воената конструкција на блокот е целосно пренасочена кон подготовките за голем вооружен конфликт со висок интензитет со Русија“, посочи Фомин.

„Тој нагласи дека во доктринарните документи на НАТО во последните години, на пример, во воената стратегија на НАТО за 2019 година, Руската Федерација директно без никакво двоумење е претставена како главен извор на закани за безбедноста на коалицијата.

Во исто време, Фомин потсети дека Римската декларација се уште е на сила.

Конкретно беше наведено дека Русија и Алијансата меѓусебно не се сметаат за противници. Оваа позиција беше потврдена на самитот на Советот Русија-НАТО во 2010 година во Лисабон, додаде заменик министерот за одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…

Српската напредна странка денеска ја слави својата…

„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…

Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…

И Македонија ќе треба да излезе од…

Русија ќе се обиде да ја искористи…

НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…

Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…

„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…

НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…