Албанец од Македонија меѓу загинатите работници во Хамбург, Германија

t

Четворицата Албанци кои загинаа при уривање на скеле во Хамбург, и петтиот Албанец кој е во кома, работеле во Германија со лажни бугарски пасоши, дознава 4NEWS.mk

Еден од нив е од Македонија односно Дебар. Станува збор за Алберт Зорба (31) од Елбасан, Астрит Џека (35) од Дебар, Ружди Хоџа (33) од Кукс како и уште едно лице од Мат чие име не е објавено.

Тие биле регистрирани со бугарски документи од нивниот работодавец, кој е косовски Албанец и за кого работеле на црно. По инцидентот, косовскиот Албанец исчезнал.

Албанецот, кој е во кома, има 33 години и е од северната албанска општина Мат.

Скелето каде што работеле градежниците Албанци се урнало утрото на 30 октомври на шахта од лифт. Се претпоставува дека под урнатините има уште жртви и се работи на извлекување на нивните тела.

ДПА на 30 октомври објави дека четворицата градежни работници кои загинаа во уривањето на скелето се Бугари, но бугарската амбасада во Берлин подоцна извести дека не се добиени официјални информации за загинати или повредени Бугари во инцидентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала на поддршката ама и вие и…

Српски студент како глас на српските стденти…

Само 265 лица од Македонија со бугарски…

Многу слаб интерес владее во Македонија за…

Новинарка на N1 спречена да влезе во…

Новинарка на телевизијата N1 ги посети просториите…

САД ги повлекува дипломатите и членовите на…

Соединетите Американски Држави забрзано преместуваат дел од…

ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не…

Венко Филипче пред две недели најавуваше анкети…