Албанија годинава ја посетиле над 10 милиони туристи

t

Оваа календарска година, на која и се наѕира крајот Албанија ќе ја запише како најуспешна во историјата, во однос на посетата од странски туристи, чиј број е над 10 милиони евра.

Веста денеска ја објави албанскиот премиер Еди Рама на социјалните мрежи, оценувајќи дека е „фантастично достигнување незамисливо до пред неколку години“.

-Убава вест. Заедно со Божиќ, бројот на странски туристи во Албанија достигна 10.011.500. Фантастично достигнување незамисливо до пред неколку години. Со среќа, пишува на Фејсбук.

Од јануари до 30 ноември Албанија ја посетиле 9,53 милиони странски туристи, што во однос на истиот период минатата година претставува раст од 33 отсто.

Само во месец ноември е забележана бројка од 547.221 влез на странски посетители, што е значителен пораст (53%) повеќе во однос на ноември минатата година, што го потврдува трендот на зголемување на туристите на Албанија, во сите месеци од годината.

Минатата година Албанија ја посетија 7,5 милиони туристи, што беше рекордна година до тогаш. Тоа значи дека годинава земјата ја посетиле над 2,5 милиони туристи повеќе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама ја исклучи можноста за оставка, повика…

Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика…

Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…

31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…

(Видео) Нова тепачка во албанскиот парламент: пратеници…

Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа…

Рама најави построги казни за протестите во…

Албанскиот премиер Еди Рама најави пакет законски…

Рама повторно повикува на дијалог: Подготвен сум…

Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно повика…