Албанија го одложи планираниот попис на населението
Албанија за идната година го одложи пописот на населението и становите планиран за октомври годинава, соопшти доцна попладнево Институтот за статистика – ИНСТАТ.
– Во услови на необезбедување алатки потребни за собирање информации на терен, невозможно е да се спроведе оваа активност. Институтот за статистика останува посветен на својата цел да го спроведе пописот на населението и становите во согласност со стандардите и препораките на Обединетите нации и Статистичката канцеларија на Европската унија (Евростат), се наведува во соопштението, што го пренесе вечерва Топ чанел.
Ова е вторпат како се одложува спроведувањето на оваа статистичка операција. Првиот пат одложувањето беше поради ситуацијата создадена од пандемијата со Ковид-19.
– Потоа, ИНСТАТ одлучи на 1 октомври годинава официјално да започне пописот на населението, за што почна спроведување на потребните подготвителни активности, наведува телевизијата.
Во годишната програма на ИНСТАТ се наведува дека овој попис се очекува да трае шест недели и оти сите активности за успешен попис ќе завршат навреме
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама најави построги казни за протестите во…
Албанскиот премиер Еди Рама најави пакет законски…
Рама повторно повикува на дијалог: Подготвен сум…
Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно повика…
(Видео) МАСОВНА ТЕПАЧКА во албанскиот парламент
За време на денешната седница албанскиот парламент…
Молотови коктели кон кабинетот на Рама, пожар…
Демонстрантите во Тирана фрлаа молотови коктели кон…
Еди Рама: Никој не може да ме…
Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека…