Објавено на:

Албанија е подготвена да ангажира повеќе војници за да се зајакне присуството на НАТО, вели Рама

t

Албанскиот премиер Еди Рама во пресрет на Самитот на НАТО во Вилнус, Литванија, оценува дека тој е од клучно значење. Тој најавува дека на Самитот ќе ја потврди цврстата посветеност на Албанија кон НАТО и дека неговата земја е подготвена да ангажира дополнителни трупи.

-Со нетрпение го очекуваме клучниот самит на НАТО во Вилнус. Во Вилнус ќе ја потврдиме цврстата посветеност на Албанија кон НАТО, безбедноста на нашите сојузници на источното крило, праведната борба на украинскиот народ и самата потреба за стабилност и фокус на Западен Балкан, напиша премиерот во објавата на Твитер.

Рама посочува дека Албанија ги зголемила трошоците за одбрана во последната деценија од 1,35 отсто на 1,76 отсто од Бруто домашниот производ и додаде дека до 2024 година целта е да се достигне 2 отсто.

-Во последната деценија Албанија ги зголеми трошоците за одбрана од 1,35 отсто на 1,76 отсто од нашиот БДП. Меѓутоа, во вакви моменти е потребно повеќе. Затоа, го задолжив Министерството за одбрана да ја достигне целта од 2 отсто до 2024 година. Иако не сме меѓу богатите членки на НАТО, веруваме дека целта од 2 отсто е подот, а не плафонот на нашата посветеност, наведува тој.

Најави дека во Вилнус Албанија ќе ја покаже својата подготвеност да се ангажира понатаму.

-Исто така, ќе објавиме дека, доколку е потребно, Албанија е подготвена да ангажира дополнителни трупи за зајакнување на присуството на НАТО. Заедно сме посилни и само заедно можеме да надвладееме во овој многу дефинирачки момент за она во што веруваме, за доброто на генерациите што доаѓаат, заклучува албанскиот премиер Рама во објава на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Путин нè тестира и нè приближува до…

Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, смета дека…

Сиљановска Давкова на средба со командантот на…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во седиштето на Врховната…

Рама ја исклучи можноста за оставка, повика…

Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика…

Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…

31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…

(Видео) Нова тепачка во албанскиот парламент: пратеници…

Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа…