Објавено на:

Албанија има најмала стапка на инфлација во регионот

t

Албанската министерка за економија и финансии Делина Ибрахимај изјави дека инфлацијата во земјата минатиот месец била пониска од стапката на инфлација во земјите од регионот.

На прес-конференција Ибрахимај рече дека инфлацијата во јули достигнала 7,5 отсто, што е најниска во споредба со другите соседни земји, јави дописничката на МИА од Тирана.

„Инфлацијата во Албанија е значително пониска од земјите од регионот. За седум месеци од годинава нивото на инфлација изнесува 5,3 отсто. Инфлацијата во нашата земја од 7,5 отсто во јули е значително најниска меѓу земјите од регионот“, рече Ибрахимај.

Според неа, транспортните трошоци влијаеле на поскапувањето на храната и пијалоците, но досега економијата имала позитивни резултати и инфлацијата била контролирана.

„Податоците покажуваат дека економски раст имало во вториот и третиот квартал. Преплетот на сите политики заедно со поддршката доведе до тоа албанската економија да има позитивни перформанси и инфлацијата да се контролира. Елементот што најмногу влијаеше на поскапувањето на трошоците на Албанците се храната, пијалоците и ранспортните трошоци, но досега економијата имаше позитивни перформанси и инфлацијата беше контролирана благодарение на преземените мерки“, посочи министерката.

Таа додаде дека храната поскапела за 13,2 отсто и оти војната во Украина се одразила на цените во целиот свет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еди Рама: Никој не може да ме…

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека…

(Видео) „Војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите…

Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците…

И неговите се свртеа против Еди Рама…

Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…

Илјадници млади на улиците во Италија и…

Илјадници студенти и средношколци излегоа на улиците…

(Видео) Хаос во Албанија: Горат министерства и…

Албанија трет ден се соочува со масовни…