Албанија ќе бара раздвојување од Македонија доколку Бугарија стави уште едно вето
Албанија стана заложник во процесот по бугарското вето за Македонија. Ако Бугарија стави вето во првите шест месеци од следната година, ќе бараме издвојување од Македонија, изјави Еди Рама, албанскиот премиер во своето годишно обраќање кога говореше и за интеграцискиот процес на земјата.
Во евроинтеграцискиот процес работите се јасни и се наоѓаме во апсурдна ситуација поради ветото на Бугарија. Ако Бугарија стави вето во првите шест месеци од следната година, ќе бараме издвојување од Македонија. Нашите оценки во однос на овој процес растат, две важни компоненти се чекорите што почна да ги презема правосудниот систем, особено специјалното обвинителство, кое не е политички обвинител ниту на левицата, ниту на десницата, туку обвинител за борба против криминалот“, рече Рама.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема…
Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…
Јотова и Радев криеле помилувања? Имињата се…
Во официјалниот регистар на помилувања што го…
ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…
Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…