Албанската полиција заплени оружје кое требало да заврши во Македонија
Полицијата од албанскиот град Поградец запленила арсенал оружје и воена муниција, што требало да бидат прошверцувани во Македонија, соопшти полицијата.
– Финализирана е акцијата „Старова” во која запленети се лесен митралез, автоматско огнено оружје, две полуавтоматски пушки, значителна количина боева муниција, реденик за миталез со 30 куршуми, рачни гранати, подвижни делови од пушката. Истите се одземени како материјален доказ, стои во полициското соопштение.
Оружјето и муницијата се пронајдени во штала за добиток, до куќата на 40 – годишен жител на селото Старова кај Поградец, претходно осудуван за „производство и продажба на наркотици”.
– Од спроведената истрага постојат основи на сомнение дека оружјето и миницијата уапсеното лице ќе го транспортира во правец на Македонија. Продолжува работата на целосно документирање на оваа незаконска дејност, наведува полицијата.
Случајот е предаден на Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност Корча.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама повторно повикува на дијалог: Подготвен сум…
Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно повика…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
(Видео) МАСОВНА ТЕПАЧКА во албанскиот парламент
За време на денешната седница албанскиот парламент…
Молотови коктели кон кабинетот на Рама, пожар…
Демонстрантите во Тирана фрлаа молотови коктели кон…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…