Албанскиот парламент го ратификуваше договорот за враќање на 20-те икони во Македонија

t

Албанскиот парламент попладнево, на пленарна седница, го ратификуваше договорот за соработка меѓу Република Албанија и Република Македонија, за враќање на иконите шверцувани од македонска на албанска територија, јави државната агенција АТА.

Договорот беше изгласан со 73 гласа, со што се отвора патот да се вратат 20 икони во „нивната земја на потекло, кои по заплената во Албанија преминаа во сопственост на албанската држава врз основа на одлуките на албанските судови”.

-Врз основа на направената проценка, иконите се совпаѓаат со културните добра на соседната држава и врз основа на договорот, Министерството за култура ќе го следи целиот процес за нивно враќање во земјата на потекло, согласно обврските дефинирани во Конвенцијата на УНЕСКО од 1970 година, стои во документот.

Во истрагата, која албанските власти ја водат под името „Икона“, во октомври 2013 година во Албанија беа запленети повеќе од илјада икони и црковни предмети. Беше утврдено дека 20 меѓу нив се по потекло од Македонија, од каде што биле изнесени илегално.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Брнабиќ контра Вучиќ „Најтешко ми паѓа што…

Нејзината изјава доаѓа во период на политички…

Трамп призна дека војната со Иран придонела…

Американскиот претседател Доналд Трамп се согласи со…

Хакери се обиделе да ги уништат резервите…

Француските власти истражуваат кибернапад врз неколку регионални…

Калас: Гласачите во САД јасно ја изразија…

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни…

Европската комисија ги препознава конкретните резултати од…

Извештајот на Европската комисија за 2026 година…