Објавено на:

Албанскиот претседател загрижен: Албанија старее, опаѓа наталитетот

t

Во Албанија во континуитет опаѓа стапката на наталитет. Најголем пад е забележан во второто тромесечје од годинава што претставува повеќе од загрижувачка појава, оцени Илир Мета, доскорешен шеф на државата а сега лидер на Партијата на слободата.

Според него оваа статистика уште еднаш ја одразува “кризата во земјава со стареењето на населението”.

Во текот на второто тромесечје се родиле 5384 бебиња, што уште еднаш ја одразува кризата во земјава со стареењето на населението.

– Депопулацијата ја намалува и старее Албанија. Уште еден негативен показател за 2022 година, каде во вторите три месеци се родиле 5384 бебиња што е 14,8 отсто помалку споредено со истиот период лани, пишува Мета во објава на Фејсбук.

Тој при тоа го критикува проектот на владата за доделување бонус за секое новородено дете, што почна да се реализира од јануари 2019 година, поради нискиот износ.

– За младите семејства бонусите за бебе се многу ниски, додека корупцијата, невработеноста, ниските плати, недостапните цени на становите, лошиот квалитет на образованието и недостигот на перспектива го прават нивниот живот неподнослив, напиша тој.

Мета ветува дека Партијата на слободата ќе има посебна програма за силна поддршка на младите семејства да градат иднина тука во Албанија.

Со владината програма, родителите на прво родено дете добиваат бонус во износ од 40 илјади лека (околу 330 евра), за второ 80.000 и 120.000 лека за трето дете. Доколку се близначиња или тројка добиваат по ист износ.

Бонус добиваат сите новороденчиња независно дали се родени во или надвор од земјата, кои се запишани во матичната книга на родените во Албанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија: Земјотрес со јачина од 4,3 степени…

Земјотрес со магнитуда од 4,3 степени според Европско-медитеранскиот сеизмолошки…

Албанија и понатаму заостанува далеку зад ЕУ…

Албанија продолжува да заостанува далеку зад Европската…

Албанија: Потонат брод од Втората светска војна…

Италијанскиот болнички брод „Po“ од Втората светска…

(Видео) Страшни слики во Албанија: Пожар уништи…

Голем шумски пожар синоќа избувнал на територијата…

Албанија почнаа со поставување интелигентни камери во…

Албанскиот премиер, Еди Рама, објави дека првите…