Албанското обвинителство забрани објавување на информации во врска со хакерскиот напад од

t

Обвинителството на Тирана почна истрага околу кибер нападите врз државните онлајн системи на Албанија, соопштувајќи дека во повеќе земји е побарана правна помош во врска со истрагите.

-Обвинителството, при извршувањето на своите овластувања и во тесна соработка со сите органи за спроведување на законот и партнери кои им помагаат на албанските власти, спроведе низа истражни дејствија, вклучително и испраќање барања за правна помош до неколку земји. На ист начин се идентификувани различни податоци неопходни за истрага, на кои се работи во тесна соработка со партнерите, стои во соопштението на обвинителството.

Објавените податоци, класифицирани полициски информации и податоци или информации и податоци добиени од доверливи партнери, информации за кривична постапка и слично, Обвинителството ги смета како доказ кој има директна врска со кривични дела во истрага и како дејствија кои сериозно влијаат на дејноста на државните институции како и на националната безбедност или односите меѓу граѓаните.

Според обвинителството, објавувањето на овие тајни податоци не само што ја нарушува приватноста на секој поединец, ја нарушува националната безбедност на Република Албанија, туку е и строга тајна во рамките на истрагите што ги презема обвинителството.

-Секој податок објавен или кој во иднина ќе биде објавен од сајтовите кои се предмет на истрага на предметната кривична постапка ќе бидат одземени а објавување на секаков вид информации од страна на печатени, аудио-визуелни и онлајн медиуми ќе бидат блокирани, наведува Обвинителството.

Додаава дека одлучило да забрани објавување во медиумите на какви било податоци, кои ги објавија авторите на кибер нападите.

Во случај на прекршување на оваа одлука, против медиумите кои не ја почитуваат истата ќе биде поведена кривичната постапка.

-Ваквата одлука нема намера да ја попречи активноста на медиумите, туку е донесена во рамки на кривична постапка каде медиумското објавување или репродукција на класифицирани и чувствителни информации (што е само по себе криминална цел на овој напад), сериозно би влијаеле на напредокот на истрагите, како и на безбедноста на секој граѓанин на Република Албанија, ја дообјаснува Обвинителството одлуката.

Посочува дека истрагите во врска со овие случаи се сложени и се во тек, со што се „гарантира дека албанското обвинителство е максимално ангажирано и ќе спроведе секакво истражно дејствие со цел целосно расветлување на оваа криминална активност”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се празнат затворите во Албанија, стапи на…

Во Албанија од денеска почнува имплементацијата на…

Нов рекорд за албанскиот туризам: 1,7 милиони…

Премиерот на Албанија, Еди Рама преку објава…

Се очекува да ја престигнеме Србија: Македонија…

Македонија е втора земја во регионот според…

Албанија во топ 10 земји со најголем…

Албанија е меѓу земјите со најбрзо растечка…

Приоритет на НАТО во Албанија: Премин во…

Од Канцеларијата на НАТО во Брисел во…