Албанците најмногу бараат азил во ЕУ, но и Македонците “не се лоши”
Во првата половина од годинава, Албанија имала најголем број баратели на азил во ЕУ во споредба со земјите од Западен Балкан, наведува весникот “Монитор”.
– Статистичките податоци на Европската агенција за имиграција покажуваат дека 4779 албански граѓани поднеле барање за азил во земјите на ЕУ. Во извештајот период барање за азил поднеле 3603 македонски, 2570 српски, 851 босански и 179 од црногорски граѓани, стои во анализата на весникот.
Се оценува дека трендот на барања за азил од Албанците и понатаму останува многу висок во споредба не само со земјите од регионот, туку и пошироко.
– Масовната миграција, условува голем недостиг на работна сила во земјата, поради што бизнисите губат можности за проширување. Пензискиот систем е изложен на ризик поради намалувањето на работната сила што плаќа осигурување, констатира весникот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Камионџиите од регионот најавуваат блокада на граничните…
Превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Поранешна шпанска министерка: Сеута беше „хибриден напад“…
Масовното влегување на околу 80.000 мигранти од…
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…
Група од околу 20 претставници на Европскиот…