Албанци со рибарски чамец сакале да прошверцуваат дрога преку Охридско Езеро

t

Припадници на полицискиот комесаријат од албанскиот град Корча спречиле шверц на марихуана со рибарски чамец, од Албанија во Македонија преку Охридското Езеро.

Уапсени се четири лица, браќата А.Т.(51) и А.Т.(43) жители на селото Пискупат, како и Р.С.(45) и Т.Б.(53) жители на Лин.

„Според сознанијата од едномесечната истрага, делувале како група, а марихуаната, пред да ја транспортираат во Македонија, ја складирле во близина на мрестилиштето за коран, во Подградец, каде биле вработени двајца од уапсените. Потоа со рибарски чамец ја транспортирале преку езерото на македонска територија“, стои во полициското соопштение.

Во акцијата „Рестарт 15″ запленети се 26 килограми марихуана, рибарски чамец, две патнички моторни возила и четири мобилни телефони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тачи: Мојот сон е сите Албанци да…

Претседателот на ДПА и дел од коалицијата…

Албанци избодеа две лица во Грција, 17-годишникот…

Тинејџер Албанец е уапсен од грчката полиција,…

Претрес во Велес: Пронајдена дрога кај 63-годишен…

Полицијата вчера привела шеесет и тригодишен велешанец…