Објавено на:

Александар Стефанов едногласно избран за прв човек на РФМ

t

Македонскиот ракомет доби нов шести претседател во историјата. Младиот стопанственик Александар Стефанов е избран за претседател на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) и ќе го наследи најуспешниот прв човек во историјата на мак-ракометот Живко Мукаетов.

Александар Стефанов е поранешен ракометар и сегашен главен спонзор на ракометниот суперлигаш Бутел Скопје, преку компанијата Фабрика Карпош АД Скопје каде е член на Управниот одбор.

На собранието Стефанов беше единствениот кандидат за претседателската функција, па ја доби довербата да раководи со мак-ракометот.

Новиот претседател на ракометната централа ќе биде шести во историјата на независна Македонија, а покрај Живко Мукаетов (2013-2025), со функцијата раководеа Михајло Михајловски (2008-2013), Трифун Костовски (2003-2008), Душко Кадиевски (1999-2003) и Иван Бојков (1989-1999).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ : Србија нема да воведе caнкции…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека…

Александар Стефанов едногласно избран за прв човек…

Македонскиот ракомет доби нов шести претседател во историјата.…

РФМ остро реагира на малтретирањето на навивачите:…

Репрезентацијата на Македонија вечерва дојде до лесна…

РФМ ќе поднесе жалба за ужасното судење…

Можеби првпат откако сегашното раководство е на…

РФМ ќе добие нов претседател: Мукаетов најави…

Првиот човек на Ракометната федерација на Македонија, Живко…