Алиу: Реализираме стратешки капитални проекти во здравството
Министерството за здравство продолжува со интензивна реализација на стратешките капитални проекти кои, како што информира, ќе ја трансформираат здравствената инфраструктура во земјава.
-Нашата визија е многу јасна, а тоа е достапно и квалитетно здравство за сите граѓани, дигитално поврзан систем и силна примарна здравствена заштита. Инвестицијата во инфраструктура не е само градба на ѕидови туку инвестиција во луѓето, во системот и во иднината на нашата земја. Заедно градиме модерно и хумано здравство – рече министерот Азир Алиу.
Меѓу приоритетните капитални проекти, како што рече, се изградба на нова Клиничка болница во Штип, Општа болница во Кичево, Клиничка болница во Тетово, Центар за рани и гангрени на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември” во Скопје, а во следната фаза нов Клинички центар.
-Модерната инфраструктура значи и дигитализација. Национални дигитални платформи, лабораториски мрежи, системски дигитални решенија и интегрирани услуги – тоа се проектите кои ќе го направат нашиот здравствен систем поблизок до секој граѓанин, без разлика каде живее во државата – истакна Алиу.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По 10 години се ажурира листата на…
Министерот за здравство, Азир Алиу, соопшти дека…
Христовски: Ќе се прави студија како работат…
Во план е студија околу тоа како…
Владата планира да набави 100 амбулантни возила…
Директорот на Службата за општи и заеднички…
„Мој термин“ не работи – директорката вели…
Системот за закажување прегледи „Мој термин“ денеска…
ХОРОР во пералницата во Клиничкиот центар „Мајка…
Хоророт што со години го живеат вработените…