Алијанса за Албанците: Во Собрание се потврди дека Влада нема легитимитет

t

Во Собранието, највисоката законодавна институција во земјата, позната и како „дом на граѓаните”, денеска и официјално беше потврдено она што го кажуваме веќе една година – оваа Влада нема етнички легитимитет, не ги претставува сите граѓани и сите етнички заедници, туку е моноетничка и се обидува да ги наруши и дискриминира другите, особено Албанците, соопшти АА на Зијадин Села.

-За време на гласањето за измените на Изборниот законик, предлогот на оваа Влада доби само 11 гласови од пратениците на немнозинските заедници, додека 18 гласаа против. Ова е уште една официјална потврда дека оваа Влада нема Бадентерово мнозинство и дека сака да функционира без еден од главните столбови на Охридскиот договор и важечкиот Устав – велат од Алијанса.

АА ги повикува албанските партии во Владата да го напуштат овој вазализам, правилно да ја прочитаат волјата на Албанците и да го прифатат фактот дека немаат потребен легитимитет да останат таму каде што се, потчинети и понижени секој ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините,…

Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит…

Влада: Ставот на Китановиќ е личен и…

Владата излезе со јасен став во врска…

Владата ги намалува цените на училишниот прибор…

Владата ги намалува цените на училишниот прибор…

Училишна кошничка до 15 проценти попуст, е…

Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна…

Заврши одморот за пратениците

Со одржувањето на денешната Работна сесија на…