Ал Шара е именуван за претседател на Сирија
Лидерот на Сирија Ахмед Ал Шара денеска беше назначен за претседател на земјата за време на преодниот период, соопшти денеска портпаролот на Одделот за воени операции, полковник Хасан Абдул Гани.
Како што наведе тој, на состанокот на воените и револуционерните фракции кои се бореа заедно со групата Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) во Народната претседателска палата во Дамаск, беше одлучено и Ал-Шара да формира правен совет за преодниот период, додека не се укине сирискиот Устав од 2012 година и биде усвоен нов.
Одлучено е и распуштање на Арапската социјалистичка партија Баат, Националното собрание, армијата и сите милиции и безбедносни служби поврзани со режимот на соборениот претседател Башар ал Асад, објави сириската новинска агенција Сана.
На состанокот беше донесено и одлука за формирање „нова безбедносна институција за зачувување на безбедноста на граѓаните“.
Новиот сириски лидер Ахмед ал Шара побара од Москва да го екстрадира поранешниот сириски претседател Башар ал Асад, кој по падот на неговиот режим побегна во Москва, изјави неименуван извор за Ројтерс.
Сириската новинска агенција Сана објави дека Дамаск сака Русија, која го поддржуваше Асад во граѓанската војна, да ја обнови довербата со сириските лидери преку „конкретни мерки како компензација, реконструкција и закрепнување“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сирија го осуди братучедот на Башар ал-Асад…
Сириски суд го осуди Васим ал-Асад, братучед…
Гутереш повика на укинување на сите санкции…
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…
Гутереш повика на глобална поддршка за Сирија…
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…
Трамп одлучи да го поништи статусот на…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа го…
Макрон во посета на Сирија, ќе се…
Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во Сирија…