Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Горa
Според податоците на Даночната управа на Црна Гора, заклучно со 31 март годинава, на оваа листа се појавила и Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Подгорица, со долг од 526.989 евра.
„Вијести“ испрати прашања до оваа институција врз основа на кој настанал долгот и дали досега го подмирувале. Од Амбасадата одговориле дека коментарот ќе го испратат на почетокот на следната недела.
Вкупниот долг на 50 фирми од листата е 72,14 милиони евра. Државниот „Плантаже“ има најголем долг за даноци и придонеси од плата кон работниците, а воедно и единствен кој надминува 10 милиони евра. Таа компанија должи 13,26 милиони евра.
На врвот се и три железнички компании, ŽPCG, ŽICG и OŽVS, со заеднички долг од околу 15,62 милиони евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…
Американските воени подготовки се во тек во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Маж уапсен со оружје во близина на…
Американската Тајна служба уапси маж во близина…