Објавено на:

Американската војска удира по ирански воени цели, Иран рекетира танкери, едно лице загинало

t

Американската војска соопшти дека ја завршила третата последователна ноќ на воздушни напади врз Иран, при што операцијата траела околу пет часа. Според ЦЕНТКОМ, погодени биле воени цели во повеќе ирански градови, меѓу кои Бушер, Чабахар, Џаск, Конарак, Абу Муса и Бандар Абас.

Новите напади претставуваат дополнителна ескалација на конфликтот, иако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договор со Техеран сè уште е можен. Трамп порача дека Иран „не може да направи апсолутно ништо“ за да ги спречи американските операции.

Во меѓувреме, Обединетите Арапски Емирати соопштија дека ирански ракети погодиле два нивни танкери во Ормускиот Теснец, при што загинал еден член на екипажот, а најмалку осум лица се повредени. САД најавија воведување нова блокада на иранските пристаништа и преземање контрола врз пловидбата низ Ормускиот Теснец.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи возврати дека Иран ќе продолжи да ја обезбедува безбедноста на теснецот и порача дека секој што ја гарантира слободната пловидба треба да биде соодветно платен. Ситуацијата дополнително ги зголемува стравувањата од поширока ескалација на конфликтот во регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Два танкери со саудиска нафта биле нападнати…

Два супертанкери што превезувале саудиска нафта биле…

Пет активни пожари и пет под контрола…

На ден 01.09.2026 година, до 18:00 часот,…

ОН предупредуваат: Топењето на глечерите на Хималаите…

На хималајскиот регион во следните години му…

Ангелов: Воспоставена изгубената контрола врз големиот пожар…

Повторно е воспоставена контролата врз големиот пожар…

400.000 евра за станови, 350.000 во ѕид:…

Нови докази и прислушувани разговори беа презентирани…