АМЕРИКАНСКИОТ БУЛДОЖЕР ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Главна тема ќе бидат уставните измени, ќе се сретне со Ковачевски, Пендаровски и Мицкоски
Заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар, утре доаѓа во посета на Скопје.
Ескобар ќе биде во земјава и в петок (25 август) за кога се предвидени најголем дел од средбите со неговите соговорници.
Како што дознаваме се засилува дипломатскиот притисок за уставни измени. Предвидливо е дека ова ќе биде главната тема на средбите што точно една недела по одржаната неизгласана точка во Собранието за менување на Уставот, ќе ги имаат политичките лидери во земјава со заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар. За време на дводневната посета, планира да се види со Пендаровски и Ковачевски, но и со Мицкоски.
Пораките што ги носи високиот американски функционер може да се насетат, ако се има предвид вчерашната изјава на амбасадорката Анџела Агелер, полна со охрабрување и на политичарите и на граѓаните да стават до знаење дека се за ЕУ. Минатиот месец, пред поткомитетот за надворешна политика на Конгресот, Ескобар изјави дека американската администрација ги поддржува уставните измени како тежок но неопходен чекор за европска интеграција на Македонија и дека се разговара со властите во Софија да не истакнуваат нови барања.
Американската амбасадорка Анџела Агелер во интервју за Канал 5 вели дека ЕУ беше кристално јасна и нагласува дека лажна вест е дека е можен подобар договор и дека некој може да репреговара нов договор.
„Европската унија беше кристално јасна за тоа што се бара од оваа земја за да се придвижи напред кон интеграцијата и да биде целосно рамноправна членка на евро-атлантската заедница. Тоа ќе се постигне со исполнување на обврските од договорот постигнат минатото лето и со тоа да оди напред низ разните пристапни процеси“, изјави амбасадорката Агелер.
Таа беше директна и јасно ги дисквалификува тврдењата дека е можен нов и подобар договор.
„Лажна вест е тоа дека некој може да го репреговара договорот постигнат минатото лето. Тоа е лажна вести. Исто така, лажна вест е дека е можен подобар договор кој сè уште не сме го откриле“, рече американската амбасадорка.
Агелер нагласи дека тоа се пораките кои дојдоа и од Брисел и од делегацијата на ЕУ во земјава. Притоа, таа нагласи дека политичарите треба да работат за интересите на граѓаните, наместо да бидат заглавени во историски прашања и контексти.
„Амбадорот на ЕУ овде во Скопје Гир, но и Брисел беа многу јасно дека ова се барањата за одење напред. Така што уште еднаш, наместо да бидат заглавени во историски прашања и контексти, тоа што е барање на граѓаните од политичарите кои ги избрале, е тие да работат за нивните интереси и да ја придвижат земјата кон Европската унија“, изјави Агелер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…