Американскиот советник за национална безбедност: Не очекувам драстична промена на фронтот во Украина, туку напредок на руската војска
Новиот пакет воена помош за Украина, кој неодамна беше усвоен од американскиот Конгрес, нема да доведе до драматична промена на ситуацијата на бојното поле, изјави американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан, пишува Фајненшл тајмс.
Според споменатиот весник, Саливан истакнал дека сепак очекува успех на руската армија во Украина „во блиска иднина“. Според неговото мислење, не треба да очекуваме нова украинска контраофанзива пред 2025 година
Во исто време, исходот од потенцијалната контраофанзива во голема мера ќе зависи од усвојувањето на нови пакети помош во Конгресот и одобрувањето од Белата куќа, оцени американскиот советник.
Што се однесува до најновиот пакет, Саливан верува дека тоа „ќе му помогне на Киев да ја одржи линијата на фронтот и ќе овозможи подготовка за одмазднички акции“. Неговите прогнози ќе бидат релевантни само доколку Џозеф Бајден биде реизбран за претседател на САД во ноември, заклучува тој, пренесува РТ Балкан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мерц се закани со блокада на буџетот…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се заканил дека…
Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…
Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…
САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…
Американските воени подготовки се во тек во…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…