Објавено на:

Американските сенатори со договор за усвојување построг закон за оружје

t

Група американски сенатори од двете партии постигнаа договор за нов закон со кој се воведува построга контрола врз купувањето и поседувањето оружје, што значи дека Сенатот потенцијално би можел да го усвои до крајот на неделата.

Група сенатори почна да подготвува построги прописи по масакрите во Бафало и Тексас. Тој предлог-закон го поддржаа 14 републиканци, 48 демократи и двајца независни сенатори, така што има доволно мнозинство да го помине процедуралниот дел и да се стави на гласање. 

Иако предлог-законот не ги содржи сите ограничувања што би сакале демократите, како забрана за продажба на автоматско оружје, договорот со републиканците за ова прашање е историски.

Законот предвидува потемелни безбедносни проверки за најмладите купувачи на оружје, построги услови за трговците со оружје и повеќе пари за државите и локалните власти за подобрување на безбедноста на училиштата и лекување на проблеми со менталното здравје.  Вкупната вредност на новиот законски предлог се проценува на околу 15 милијарди долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФБИ нуди награда за информации поврзани со…

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Познато е кој ја уби демократската претставничка…

Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…

Минесота е во шок откако државната претставничка…