Американски конгресмен бара забрaна за вoeна помош за Украина додека не се изгради ѕидот кон Мексико
Мат Розендејл, републикански конгресмен од Монтана, излезе со предлог-закон со кој се предлага забрана за испраќање воена помош за Украина од страна на САД се додека не заврши изградбата на ѕидот и не се постигне оперативна контрола над целата јужна граница кон Мексико.
Претседателот Џо Бајден ја запре изградбата на ѕидот долж американско-мексиканската граница што ја почна неговиот претходник Доналд Трамп.
-Истовремено кога во нашата земја срамно пропаднаа обидите да се осигура безбедност на сопствените граници и заштита на нашиот територијален интегритет, политичарите од двете партии водени од принципот „Америка на последно место“, ни зборуваат дека наш долг е да го правиме тоа за Украина, се вели во изјавата на Розендејл.
Предлог законот поднесен во Претставничкиот дом предвидува засилување на пограничниот ѕид со челична ограда во висина од девет метри, осветлување по целата должина, камери за набљудување, сензори и технологија за откривање тунели.
-Пред да не вовлечат во уште еден странски конфликт поради границите на источноевропската држава, која е илјадници километри од нашите брегови, подбуцнувачите на војни барем треба да осигураат безбедност на нашата јужна граница, додаде конгресменот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американски воен транспортен авион слета во Москва,…
Американски воен транспортен авион утрово слетал на…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради…
Полска ја предупреди Украина за последиците од…
Украина ќе добие над 6 милијарди евра…
Европската комисија денес соопшти дека Украина ќе…
Иран со закана за земјите кои ќе…
Иран се закани со одмазда против секоја…