Американски медиуми: Руската војска е најмоќна во светот
Американскиот магазин „US News and World Report“ објави рангирање на најсилните армии во светот, а на прво место се најде руската армија.
Според магазинот, второто место по воена моќ го зазема американската армија, а трето израелската.
Украинската армија го зазеде осмото место во рангирањето.
Во првите десет најсилни армии во светот влегоа и Кина, Јужна Кореја, Иран, Велика Британија, Германија и Турција.
При проценката на армијата, покрај борбениот потенцијал (количина на оружје, број на војници и сл.), се земаат предвид и борбеното искуство, учеството во различни војни и вооружени конфликти. Поради ова, руската армија за прв пат се најде на водечка позиција, иако претходно секогаш беше на второ или трето место по САД и Кина, додека Израел е пред дури и нуклеарна Кина, поради војните против Либан.
Авторите на листата наведуваат дека моќта на армиите на различни земји ширум светот била проценета врз основа на анкета во која учествувале претставници на елитата и деловните кругови, како и обичните граѓани, пренесува Спутник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…
Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…