Американски разузнавачи: Кина испраќа воена технологија во Русија
Кина „веројатно“ и обезбедува и праќа воена технологија на Русија за потребите на војната во Украина, сугерираат американски разузнавачи.
Во официјален, декласифициран извештај од Канцеларијата на директорот на националното разузнавање се вели дека Кина испорачува опрема за двојна употреба, и покрај меѓународните санкции и извозните ограничувања.
Во извештајот се тврди дека царинските записи покажуваат дека кинеските „државни одбранбени компании испорачуваат опрема за навигација, технологија за попречување и делови за борбени авиони на санкционирани руски државни одбранбени компании“. Овие бројки ја потврдуваат загриженоста изразена минатата недела од Емануел Боне, главен дипломатски советник на францускиот претседател Макрон.
Боне за Си-Ен-Ен изјави дека Кина ѝ доставува на Русија предмети што може да се користат како воена опрема, иако не во големи количини. Кина постојано негира дека праќа воена опрема во Русија по инвазија на Москва врз Украина во февруари минатата година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД подготвени за голем напад врз Иран…
Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) и американските…
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…
И Македонија ќе треба да излезе од…
Русија ќе се обиде да ја искористи…
Трамп: Морам да го запрам убивањето на…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мора…
САД ги повлекува дипломатите и членовите на…
Соединетите Американски Држави забрзано преместуваат дел од…