Американски секретар: САД може да изгубат војна со Кина доколку не ја оптимизираат армијата
Франк Кендал шпекулираше дека армијата е премногу фокусирана и специјализирана за борба со помалку организираните терористички сили.
Секретарот на Воздушните сили на САД предупреди дека армијата на САД не е подготвена за можен конфликт со Народна Република Кина.
„Нашата работа е одвраќање од конфликт и да бидеме спремни за победа во случај на војна“ – рече Кендал. „Ние тука говориме за фактот дека Воздушните и Космичките сили на армијата на САД мора да променат многу или можен е неуспех во превенција на можен конфликт со Кина, па дури и губење на војната“
Кендал шпекулираше дека Армијата на САД се нема соочено со организирана војска на друга држава долго време и е фокусирана и тренирана за асиметрична војна против воглавно терористички организации.
„Ние мораме да ги испитаме сите аспекти за тоа како нашата армија е структурирана и како оперира и да бидеме подготвени за огромни промени кои би ја рефлектирале Националната Одбрамбена Стратегија за превенција, одвраќање и победа над Кин и Русија“ – кажа Кендал.
Тој додаде: „Ние мораме да се осигураме дека Воздушните и Космичките сили се оптимизирани за интегрирана одбрана, поддршка и обезбедување долготрајна предност и доминација во случај на војна“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
(Видео) Се запали висококатница во Кина, загинаа…
Пожар избувна во висока станбена зграда во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…