Американците не искараа: Македонија и Грција да го остават спорот надвор од НАТО
Директорот за Европа и НАТО во Пентагон, Олтон Бјуланд во интервју за Гласот на Америка на македонски вели САД силно го поддржуваат Преспанскиот договор, но се надеваат оти билатералните споровори и несогласувања ќе останат надвор од НАТО Алијансата. Ваката порака доаѓа во пред Самитот кој ќе се одржи од 9 до 11 јули во Вашингтон, а на кој се очекува Мицкоски и Мицотакис на средба на маса да ги стават отворените прашања околу договорот.
„САД се силен поборник и поддржувач на Договорот од Преспа и дека секогаш ги охрабруваме нашите сојузници и партнери да се придржуваат до договорите и да ги остават билатералните спорови и несогласувања надвор од НАТО Алијансата, за да се осигура дека има соработка и регионална стабилност. Со нетрпение очекуваме да бидеме домаќини на 32 земји сојузници овде следната недела за Самитот на НАТО и веруваме дека овој Самит ќе биде демонстрација на солидарност меѓу сојузниците.“, рече Бјуланд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Многу големи експерти во енергетика: Не работи…
Вториот од трите блока на РЕК Битола…
Шукова: Наместо подобри позиции за ЕУ како…
Потпретседателката на СДСМ Каја Шукова во емисијата…
Лишен од слобода скопјанец, управувал возило со…
На 18.06.2025 во 10.00 часот на патот…
Раст на смртноста во Македонија: Најчести причини…
Бројот на починати во државата во изминатата…
(Видео) Надреални сцени од Белата куќа, Трамп…
Неколку играчи на Јувентус, заедно со тренерот…