Американците не се шегуваат, советникот на Стејт департмент Дерек Шоле доаѓа во Скопје да разговара за корупцијата
Советникот на државниот секретар на САД Дерек Шоле ќе ја посети Северна Македонија на 14 декември за да разговара со владини претставници за низа прашања, вклучително и за енергетиката, економијата и борбата против корупцијата, соопшти Стејт департментот.
Покрај во Скопје, Шоле од 11 до 1 7 декември ќе ги посети и Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Белгија, пренесува Гласот на Америка.
– Оваа посета ја нагласува трајната посветеност на САД за мирот, стабилноста и просперитетот на регионот, наведуваат од Стејт департментот.
Серијата посети, Шоле ќе ја заврши во Брисел на 16 до 17 декември со цел да разговара за соработката со европските партнери и сојузници за низа глобални прашања, вклучително и за континуирана поддршка за Украина, пристапот во ЕУ и европската интеграција на земјите од Западен Балкан, како и за енергетската безбедност и дијалогот меѓу Косово и Србија.
Пред само неколку дена амбасадорката во Скопје, Анџела Агелер преку Твитер соопшти дека американски тим за санкции доаѓа во нашата држава да истражува корупција кај сегашни и поранешни функционери. Исто така, Агелер изрази збунетост, од како што вели, изборот на Ислам Абази за обвинител за борба против организираниот криминал и корупција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ален Рустемовски обезбеди медал за Македонија во…
Македонскиот боксер Ален Рустемовски имаше уште еден…
Пренџов: Следниот обвинител на ОЈО ГОКК да…
Љупчо Пренџов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во своето…
Изгореле куќа и помошна просторија во пробиштипското…
Во пожар кој избувнал вчера во селото…
Нема да избегам ако ги изгубам изборите,…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес ги отфрли…
ВЛЕН: ИСТОРИСКИ ЧЕКОР ЗА ЗДРАВСТВОТО ВО ТЕТОВО,…
Здравството е меѓу главните приоритети на ВЛЕН,…