Американците убија екстремистички лидер во Сирија
Лидер на екстремистичката група поврзана со Ал Каеда е убиен во американски воздушен напад во Идлиб во северозападна Сирија, соопштија американски претставници и сириска невладина организација.
Централната команда на САД вчера соопшти дека цел бил убиен Абу Хамза ал Јемен, водачот на групата Хурас ал-Дин.
Американските власти имаат високо ниво на уверување дека екстремистички лидер е убиен во напад со беспилотно летало, изјави функционерот, јави американската телевизија Си-ен-ен.
Според Централната команда на САД, „елиминацијата на високо рангиран водач ќе го наруши капацитетот на Ал Каеда да врши напади врз американските граѓани, нашите партнери и невините цивили ширум светот”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…
Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…
Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…
Маск најави акции од „Спејс-екс“ за секое…
„Спејс-Екс“ (SpaceX) на Илон Маск и технолошката…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…