Америка во моментов не размислува за caнкции кон Софија: Вашингтон убеден дека Бугарија и Македонија ќе најдат решение

t

САД силно го поддржуваат пристапувањето на Македонија и Албанија во Европската Унија и веруваат дека тоа ќе биде од корист за сите земји во регионот. Ова се наведува во соопштението на портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, дистрибуирано од Амбасадата на САД во Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден не размислува за санкции против бугарската Влада и е убедена дека владите на Македонија и Бугарија започнале конструктивен дијалог кој ќе помогне навремено да се решат нивните разлики.

– Го цениме силниот интерес на американскиот Конгрес за ова прашање и ќе продолжиме да одржуваме тесна координација со Конгресот за ова прашање – се вели во соопштението на Прајс објавено од американската мисија во Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија ѝ се закани на Полска:„Тие ќе…

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј…

Не е шега – Учениците од понеделник…

Уште еден ден на училиште за учениците,…

Груби со куфер пред општина Чаир, Ганиу…

Артан Груби од ДУИ денеска на прес-конференцијата…

Европратениците ги осудија иранските напади врз Израел

Европскиот парламент со 357 гласа „за“, 20…

Таравари демантира тајна средба со Ахмети на…

Претседателскиот кандидат на албанската опозициска коалиција „Вреди“,…