Америка очекува Зеленски да го потпише мировниот план до 27 ноември
САД очекуваат украинскиот претседател Володимир Зеленски да го потпише предложениот план на Вашингтон за мирно решавање на украинскиот конфликт до 27 ноември, по што документот ќе биде доставен до Москва, објави „Фајненшл тајмс“.
„Американските претставници очекуваат Зеленски да го потпише договорот „пред Денот на благодарноста“ во четврток следната недела, со цел да го презентира мировниот договор во Москва подоцна овој месец и да го заврши процесот до почетокот на декември“, објави весникот.
Сепак, според авторите на текстот, спроведувањето на амбициозниот временски рок изгледа многу неизвесно.
Службеник од кабинетот на украинскиот претседател изјави за „Фајненшл тајмс“ дека Киев категорично не се согласува со некои клучни точки од предложениот план, што би можело значително да ја забави или целосно да ја наруши планираната динамика на процесот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…
Косово разоткри и обвини српски шпион на…
Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против…
Пожари и натаму беснеат во пет општини…
Пожари и денеска се активни во пет…
Пополека ја губиме војната, има уште неколку…
Украина се чини дека полека ја губи…
Биткоинот повторно отиде над 80.000 долари
Биткоинот скокна над 80.000 долари во вторник,…