Објавено на:

Ампов повторно на Sunny Hill Festival

t

Ампов за прв пат настапи на Sunny Hill Festival во 2019та година во Приштина како единствен претставник од Македонија, на иста сцена со веќе добро познатите Calvin Harris, Miley Cyrus и Dua Lipa. По одличниот настап во 2019та година искусниот тим на Sunny Hill Festival повторно се одлучи како единствен претставник од Македонија да го покани младиот Ампов, овој пат во Тирана на иста сцена со Hardwell, Afrojack, Stormzy, Fedez, Action Bronson.

Иако релативно млад, 19 години, Ампов има богато искуство и настапувано на иста сцена со Martin Garrix, Hardwell, Аxwell; Ingrosso, Alan Walker, Adam Beyer, а во јуни годинава ја имаше честа да го затвори Fusion Festival по настапот на мегаѕвездата Tyga.

Директор на фестивалот е Dukagjin Lipa, татко на познатата пејачка Dua Lipa кој уште минатата година најавуваше дека секое следно издание ќе биде поатрактивно и поуникатно од претходното.

Sunny Hill Festival – Тирана ќе се одржи на 26, 27 и 28 Август.

Линк до инстаграм профилот на Ампов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на американското…

Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на Военото…

Франција влезе во рецесија: економијата бележи пад…

Француската економија влезе во рецесија, покажуваат ревидираните…

Невработеноста намалена за 2,4 проценти на годишно…

Бројот на невработените лица во третото тримесечје…

Не почна судењето за случајот со 26-годишната…

Судењето по обвинението за напад врз 26-годишната…

Српската полиција уапси 17-годишник во Белград со…

Српската полиција уапси седумнаесетгодишник од околината на…