Анализа на МЕТА: Исчезна Македонија од соопштенијата на Силјановска, преовладуваат термините „нашата држава и земја“

t

Во денешното соопштение од претседателскиот кабинет на Гордана Сиљановска Давкова по повод посетата во Ватикан Папата Франциск, повторно не се употребува уставното име на државата, но не се употребува ниту „Македонија“. Единствените термини што се користат се „нашата држава“ и „нашата земја“, анализира Мета.

„Претседателката Сиљановска Давкова и Папата Франциск ги разгледаа можностите за унапредување на институционалната соработка во областа на образованието, науката и културата и разменија мислење за тековните предизвици со кои се соочува католичката заедница во нашата држава“.

„Посочувајќи дека во нашата земја постои традицијата на почит кон различностите и висока свест за позитивната улога на религијата во развојот на општеството, претседателката го потенцираше значењето и придонесот на католичката црква и ја изрази нејзината подготвеност за продолжување на соработката со католичката заедница“.

„Претседателката изрази уверување дека за време на нејзиниот мандат нашата држава уште поинтензивно ќе се залага за продлабочување на севкупните односи со Светиот Престол, со цел јакнење на партнерството и негување на меѓусебното почитување базирано на заедничките историски, културни и верски традиции“.

Сиљановска Давкова при инагуарацијата не го користеше уставното име на државата, потег што предизвика жестоки реакции пред сè од Грција, но и од целата меѓународна заедница која повика на почитување на Преспанскиот договор, пренесува Мета.

Интересно е што и во обраќањето до Володимир Зеленски, Силјановска наместо Македонија или Република Македонија користи знаменца на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Си-ен-ен за Македонија: „Прекрасна природа, спокојство, врвна…

Американската телевизиска мрежа CNN ја претставува Македонија…

На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…

Клековски: Терапијата за мултиплекс склероза поблиску до…

Во Министерството за здравство денес се објавија…

Хутите со ракети ја погодија претседателската палата…

Јеменските Хути истрелаа ракети кон комплексот на…

Иран подготвува нова стратегија за напади врз…

Иран започнал да применува нова стратегија за…