Ангела Меркел признава дека имало неуспеси во нејзината политика кон Русија

t

Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, признава дека имало неуспеси во нејзината политика кон Русија. „Требаше побрзо да реагираме на агресивноста на Русија“, вели Меркел во интервјуто за најновото издание на седмичникот „Ди Цајт“ што ќе излезе утре.

Коментарите на Меркел се однесуваат на руската окупација на украинскиот полуостров Крим во 2014 година, кога земјите на НАТО се согласија да потрошат два oтсто од својот бруто домашен производ за одбрана.

„Германија ги зголеми своите трошоци наменети за НАТО, но се уште не ја достигна целта од два отсто“, рече Меркел.

Таа, сепак, не жали за нејзината поддршка за изградбата на германско-рускиот гасовод „Северен поток 2“.

„Забрана на проектот опасно ќе ги влошеше односите со Русија“, вели Меркел. Освен тоа, според неа, зависноста на Германија од рускиот гас не е само резултат на проектот за заеднички гасовод. Таа произлегува и оттаму што гасот обезбеден од Норвешка,Велика Британија и Холандија не ги задоволува германските потреби, jaви ДПА.

MИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маѓар: Неприфатливо е никој да не биде…

Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар, денес изјави…

САД и Кина се договорија да ги…

САД и Кина се договорија да ги…

Денес се празнува Крстовден – Воздвижение на…

На овој ден се празнуваат два настани…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе…

Молдавија од денес влезе во 60-дневна вонредна…

Молдавија од денес, 26 септември, официјално влегува…