Ангеловска-Бежоска: Народната банка е посветена на одржувањето на ценовната стабилност, како важен предуслов за раст на економијата

t

Кризите во изминатите неколку години, како пандемијата, енергетската криза и геополитичките тензии претставуваа вистински тест за централните банки, изјави гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. Во обраќање на 11-тиот регионален самит на гувернери, министри за финансии и директори на даночната администрација, „Финансиската стабилност во услови на слаб економски раст во еврозоната“, што се одржа во Бечиќи, Црна Гора, гувернерката истакна дека овие кризи предизвикале силна инфлациска промена во светски рамки, невидена во изминатите триесетина години.

– Исто така, економиите со стратегија на стабилен курс на домашната валута, како нашата, се справуваа и со големи притисоци за задржување на стабилноста на домашната валута. Сепак, од крајот на 2022 година се забележуваат поповолни трендови и кај инфлацијата, и на девизниот пазар. Така, просечната инфлација во регионот на Западен Балкан од 16% во октомври 2022 година во првиот квартал оваа година е намалена на околу 3,5%. Исто и кај нас дојде до позначително забавување на инфлациски трендови, а стабилноста на девизниот курс беше задржана, при што нивото на девизните резерви беше зголемено за 40% во споредба со претпандемичниот период. Сепак, потребна е внимателност, порачала таа.

Според среднорочните проекции на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), гувернерката истакнала дека се очекува дека инфлацијата во глобални рамки и во регионот на Западен Балкан, вклучително и кај нас, и натаму да се намалува, но малку побавно во споредба со претходно.

– За оваа година, ММФ предвидува дека просечната инфлацијата на Западен Балкан ќе забави сведувајќи се на 3,8%, а за наредната година на 2,7%. Сепак, иако се намалени, ризиците сè уште постојат и затоа е потребно натамошно внимателно следење на динамиката и факторите кај инфлацијата и претпазливост во однос на водењето на макроекономските политики, изјави Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска, учествувала и на панел-дискусијата „Одржување на стабилноста на цените и на банкарскиот систем во неизвесни времиња“, заедно со гувернерите на Црна Гора, Ирена Радовиќ, на БиХ, Јасмина Селимовиќ, на Косово, Ахмет Исмаили, вицегувернерите на српската, хрватската и албанската централна банка, Жељко Јовиќ, Мајкл Фауленд и Лулета Минџози, како и Петар Јовиќ, претседател на Извршниот одбор на „АИК банка“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) АНБ ОТКРИ ИРАНСКА ПРОКСИ МРЕЖА ВО…

АНБ во соработка со МВР откри и…

56-годишна жена тешко повредена откако била удрена…

Жена од Тетово се здобила со тешки…

Познат идентитетот на загинатиот воен пилот, се…

Авион МиГ 29 на српската армија од…

Си-Ен-Ен: Американското разузнавање верува дека Иран подготвува…

Нови разузнавачки информации на САД укажуваат дека…

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Милиони документи на Дојче…

Повеќе од 15 милиони доверливи документи и…