Ангелов за можноста од пожари: Сите три авиони ќе бидат функционални ова лето
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов истакна дека надлежните институции се подготвени и искоординирани за можноста од пожари по високите температури ова лето.
На прашањето каква е состојбата на авионите кои би требало да учествуваат во гаснење на пожарите особено ако се земе во предвид дека во државата пред две години во врска со овој проблем интервенираа екипи од соседството Ангелов со одговор:
„Вчера одржавме координација на која учествуваа сите институции кои имаат надлежност во гасење на шумски пожари, се искординиравме, донесовме неколку заклучоци и имаме намера во понеделник или вторник да ја информираме јавноста за бројот на државните ресурси, но авионите ќе бидат функционални ова лето“, потенцира тој.
Викендов, како што рече, надлежните институции имаат на располагање четири хелихоптери и еден авион.
„За овој викенд имаме на располагање четири хелихоптери и еден авион. Другите два мислам дека се вратени, мислам дека се работеше за формален редовен сервис. Така што на авионите можеме да сметаме ова лето“ појасни Ангелов.
Упати апел граѓаните, да бидат исклучително внимателни при движење во природа.
„Бидејќи најнепопуларната мерка е забрана за движење во природа, таа мерка ќе се обидеме да ја избегнеме. Но граѓаните треба да бидат сосвесни и внимателни при фрлање на отпушоци, при работа со алат кој што искри и да не се палат огнови, премногу е топло, тревата за неколку дена ќе биде барут сува и лесно запаллива“, рече првиот човек на ЦУК.
На прес-конференцијата информираше и за состојбата на мостовите во државата.
„Од страна на ЈП „Државни патишта3 се врши скрининг на сите мостови на територијата на државата, на автопатиштата, магистралните и регионалните патишта со околу 1320 мостови. Според официјалната информација поголемиот дел од мостовите се веќе проверени и се во одлична состојба со тоа што очекуваат до Нова година целосно да го завршат нивниот скрининг“, дополни тој.
Во врска со опожарениот мост „Беласица“ Ангелов рече дека сите прашања треба да се упатуваат до Град Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев повторно се пожали дека „проблемите на…
„Европа мора да учествува во преговорите за…
Приведен маж од Кичево, возел автомобил без…
На 11.11.2026 во 21:30 часот на ул.„Магистрален…
Поскапуваат кредитите во Србија – централната банка…
Извршниот одбор на Народната банка на Србија…
Затвор за лажни вести што ќе го…
Со новиот Кривичен законик, кој е испратен…
Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…
Средба на претставници на САД, Русија, Украина…