Ангелов: Кај пожарот на Пелистер е повреден возач на булдожер, а не двајца пожарникари, се работи за недоразбирање

t

Пожарот што избувна од преспанската страна и се движи кон Националниот парк „Пелистер“ и понатаму е најтежок и најкомплексен за гасење во земјава, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

„Во овој момент дејствуваат ер-тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување како поддршка на пожарникарите од Битола, од Ресен, огнените тимови составени од доброволци на Дирекцијата за заштита и спасување, како и неколку пинцгауери“, изјави Ангелов.

Тој ги демантираше информациите дека во интервенцијата биле повредени двајца пожарникари – вели, настанало забуна.

„Возач на булдожер при скок од булдожер ги повредил ребрата, најверојатно има напукнати ребра, нема скршени ребра, згрижен е во болница, се чувствува добро. Значи, се работи за мало недоразбирање, нема повредени пожарникари има повреден возач на булдожер“, посочи Ангелов.

Во гаснењето се вклучени пожарникари од Ресен и Битола, огнени тимови на ДЗС, механизација, ер-трактори и армиски хеликоптер.

Ангелов информира дека синоќа пожарот бил благо ставен под контрола, а на терен цела ноќ дејствувале и доброволни пожарникари од Битола. Со механизација била направена и противпожарна пресека над боровите за да се спречи понатамошното ширење на огнот.

Рано утрово во гаснењето се вклучил и армиски хеликоптер со ведро од три тони, кој успеал да изгасне неколку критични точки. Сепак, со зголемувањето на температурите повторно се појавиле жаришта и чад на повеќе позиции.

Претходно, од НП „Пелистер“ посочија дека имало повредени двајца пожарникари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По енергетското „примирје“ – Зеленски: Погодена ТЕЦ-5…

Руските сили вечерва ја погодиле термоелектраната ТЕЦ-5…

Мециновиќ и Диро заедно положија цвеќе во…

Делегација на Левица предводена од пратеникот Амар…

(Видео) Без возачка дивееше со мотор на…

Министерството за внатрешни работи го пронајде и…

Фон дер Лајен најави дополнителни средства за…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Меланшон со остра порака до НАТО: „Нема…

Францускиот левичарски лидер Жан-Лик Меланшон упати остри…