Англичаните загрижени за изборот на судии: На Меси ќе му суди неговиот омилен судија
Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави дека полуфиналниот натпревар од Светското првенство меѓу Аргентина и Англија, кој е закажан за денес во 21:00 часот во Атланта, ќе го суди Американец со мароканско потекло, Исмаил Елфат.
Ќе му помагаат неговите сонародници Кори Паркер и Кајл Аткинс, а англискиот „Дејли меил“ го придружи изборот на судијата со статија во која алудираа на неправедноста на првенството.
„Лионел Меси го доби својот омилен судија за полуфиналето на Светското првенство помеѓу Англија и Аргентина и покрај теориите на заговор дека турнирот е наместен“, е насловот на текстот.
Се истакнува дека откако Меси игра во Америка, Елфат управувал со четири од неговите натпревари и дека аргентинската ѕвезда славела во секој од нив.
„Дејли меил“ пишува дека токму затоа меѓу англиските навивачи повторно се појавија сомнежи за можна фаворизација кон Аргентина.
Инаку, ова ќе биде четвртиот натпревар на Елфат на Светското првенство оваа година, а тој беше и четвртиот судија на финалето на Светското првенство во Катар во 2022 година.
Британците исто така предупредуваат дека Англија треба да биде претпазлива во однос на неговите критериуми за судење бидејќи пред да замине на Светското првенство, тој покажа 41 жолт картон и три црвени картони на десет натпревари од МЛС и досуди три пенали.
Тие потсетуваат и на дуелот меѓу Бразил и Норвешка во осминафиналето на ова Светско првенство, кога првично не досуди пенал за Бразил по прекршок врз Матеус Куња, но ја промени својата одлука откако ги прегледа снимките од ВАР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шокантни детали од „енергетското примирје“ на Трамп:…
Таканареченото „енергетско примирје“ што американскиот претседател Доналд…
Русија не прифаќа примирје со Украина: Пропаѓа…
Русија засега не потврдува дека прифатила какво…
Иран го оцени американскиот одговор за Ормускиот…
Иран го оцени како недоволен американскиот одговор…
Републиканци против Трамп: Договорот за руски дизел…
Договорот на американскиот претседател Доналд Трамп за…
Американските медиуми: Трамп е многу – многу…
Американскиот претседател Доналд Трамп е силно незадоволен…