Андов: Нема фризури за вакви злосторници!

t

Директорот на затворот Скопје Андов: “Нема фризури за вакви злосторници”

При спроведувањето на осомничените, упадливо беше што сите четворица беа со избричени глави и во иста облека – комбинезони. „360 степени“ побара став од директорот на затворот во Шуто Оризари за изгледот на осомничените. Ова беше неговиот одговор.

Судот го прифати барањето на Јавното обвинителство за определување мерка 30 дневен притвор на осомничените за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Притвор од по 30 дена добија таткото на убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска од Скопје, Александар Ѓорчевски, и тројцата осомничени Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Краткотраен притвор од 48 часа доби и вчера приведениот 46-годишен скопјанец С.Д. кој се сомничи дека му помогнал на првоосомничениот за убиствата Љупчо Палевски – Палчо да избега во Турција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште еден српски функционер оди во притвор!

Судија за претходна постапка од Посебното одделение…

Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема…

Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…

Во просториите на Општина Делчево се одржа…

Маж уапсен со оружје во близина на…

Американската Тајна служба уапси маж во близина…