Андоновска до Мехмедовиќ: Со непромислени мерки ги туркате трудниците во оган

t

Јас не гледам што ние како држава направивме добро овој период, навистина не можам да дадам објаснување за некои донесени мерки. Па, дури и за овие мерки од денеска. Еве оваа конкретно денеска за трудниците, ние ги вративме и хронично болните на работа, ги вративме децата на училиште, еве ги враќаме студентите, целата оваа пандемија за жал мора да си признаеме дека е на товар и на грбот на граѓаните постојано. Ние не велиме дека не треба да се враќаат на работа граѓаните, но другите земји имаат стабилни и функционални здравствени системи. Системи кои што можат да одговорат на потребите на пациентите и оние што имаат полесна, но и оние што имаат потешка клиничка слика. Тие имаат капацитети да ги згрижат. А, ние немаме. Целиот овој период мораме да си признаеме дека беше на грбот и на товарот на граѓаните, истакна Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата на телевизија 24.

Андоновска додаде дека за жал Македонија нема функционален здравствен систем. Граѓаните во овој здравствен систем не можат да се снајдат, тие за жал се оставени сами на себе.

-Ги вративме хронично болните, обезбедивме ли за нив безбедни услови за работа онакви какви што велите дека ќе се обезбедат за трудниците, Андоновска го запраша Злате Мехмедовиќ, портпарол на комисијата за заразни болести.

Андоновска посочи дека за жал државата не обезбеди безбедни услови за хронично болните граѓани за работа, туку државата ги остави сами да се грижат за себеси и своето здравје.

-Од таму потекнува мојот сомнеж, а веројатно и на трудниците, и на јавноста, и на граѓаните дека повторно ќе ги втурнеме во оган. Вие велите ако се случи нешто да ексалираат работите или ако има поголем број на заболени, или ако ние не успееме да ги заштитиме трудниците ние ќе се повлечеме. Но, што ако дотогаш ние изгубиме животи? Кој ќе биде одговорен за сето тоа? Зошто однапред не се направи план, анализа, да се види како тоа го прават некои многу подобри од нас, дали ние имаме капацитет и услови истото да го направиме? Јас се сомневам дека ова што го велите дека ќе се организира институциите било каде да обезбедат услови безбедни за трудниците, рече Андоновска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Костовски: Го видовте ли Мицкоски да…

Го видовте ли Мицкоски да го осуди…

МВР: ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири лаги!

Министерството за внатрешни работи апелира до партијата…

(Видео) Костовски: Не можевме да ги донесеме…

Немаше да ги донесеме измените на Кривичниот…

Богоев: Далеку од реалноста е да се…

Се формира еден европски блок, којшто споделува…

Јакимовски: ДПМНЕ можат за сите детали за…

Во врска со проектот "Алумина" ДПМНЕ можат…