Андоновски: Личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни на мобилен, од 28 октомври почнува промоцијата на апликацијата „м. Услуги“

t

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето на дневникот на Македонската телевизија истакна дека апликацијата е целосно безбедна и бесплатна, но нагласи дека не е задолжителна.

Ова е првиот чекор кон дигитален паричник. Бесплатна е за користење и за симнување. Не е задолжителна, не мора секој да ја симне, но ќе нуди низа погодности што граѓаните и досега требаше да ги користат како алатки и апликации – изјави Андоновски.

Според него, апликацијата е во финална фаза и веќе се тестира, а наскоро ќе биде достапна на платформите за преземање.

Разговараме со Google Play и Apple Play. Ќе биде достапна за сите корисници на мобилни уреди во Македонија со едноставно внесување на личните податоци, од Услуги.мк ќе се повлечат податоците, а со внесување на бројот на личната карта ќе се повлече и личната карта. Целосно безбедна апликација – појасни министерот.

Во врска со најавите за „роаминг како дома“ со земјите од Европската Унија, Андоновски информира дека предлог-текстот на договорот веќе е доставен до домашните институции на мислење, додека целосно заокружување на процесот се очекува на почетокот на 2027 година.

Го добивме Предлог текстот на договорот пред неколку дена. Веќе го споделивме со колегите од неколку министерства да дадат свое мислење и од овој момент официјално почнуваат преговорите по основ на текстот. Дадов краток рок до крајот на неделата да имам фидбек од институциите и веќе од следната недела да подготвуваме забелешки од Македонија кон Европската комисија, а потоа влегуваме во разговори со Европската комисија. Очекувам тоа да се интензивира во текот на есента и да го имаме договорот на почетокот на 2027 година – нагласи Андоновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп се подготвува за пораз, најавува помилувања…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека е…

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ: Приведени три лица

Три лица се лишени од слобода во…

ПРЕКИН НА СТРУЈАТА ВО ЦЕНТАРОТ НА ВАШИНГТОН:…

Прекини во снабдувањето со електрична енергија погодија…

Тројца малолетници претепани од група врсници во…

На 01.11.2026 во СВР Скопје 49-годишна жена…

Американците ги избраа осумте најдобри места на…

Македонија се најде меѓу најатрактивните туристички дестинации…