Анкети во САД: Предноста на Бајден пред Трамп се стопи
Анкетите за претседателските избори во 2024-та покажуваат дека претседателот Џо Бајден е изедначен со неговиот претходник Доналд Трамп.
Анкетите на СиЕнЕн, Њу јорк Тајмс, Сиена Колеџ и Вол Стрит Журнал покажуваат дека Бајден и Трамп се во мртва трка. Овие анкети го подигнаа алармот кај демократите, бидејќи пред само неколку месеци Бајден имаше комотна предност која на некои анкети се движеше и со двоцифрена бројка.
Анкетите покажуваат дека гласачите демократи се многу незадоволни од перформансите на Бајден во Белата Куќа, додека кај републиканските гласачи Трамп си ја одржува големата предност и е далеку најпопуларен помеѓу другите републикански потенцијални кандидати.
Продемократските гласачи силно посакуваат да видат друг кандидат за претседател кандидиран од Демократите. Според анкета на СиЕнЕн дури 82% од продемократските гласачи сакаат партијата на Демократите да кандидира друг кандидат и воопшто не сакаат да го видат Бајден на глсачкото ливче.
Бајденовиот рејтинг многу опадна во последните месеци дури и кај луѓето што гласале за него на претходните избори.
Една анкета на Вол Стрит Журнал покажа дека над пола од анкетираните сметаат дека Бајден е премногу стар да бара втор мандат, иако е само три години постар од неговиот потенцијален против кандидат од републиканската партија Донал Трамп. Анкетираните ни оддалеку немаат исто мислење за староста на Трамп и можноста да го помине следниот мандат како претседател на САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…
Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…
Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…
САД и Велика Британија ги повикаа нивните…
Амбасадата на САД во Бејрут и британската…
Хрватска набавува најмоќно оружје во својата историја:…
Хрватска го набавува најмоќното оружје што досега…
Блумберг: Размена на затвореници меѓу Русија и…
Новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович и…