Антонов: НАТО се приближува до границите на Русија

t

Не може да ја повикувате Москва на соработка во областа на вооружувањето додека истовремено се зајакнуваат силите на НАТО, изјави рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.

Тој нагласи дека Русија и САД имаат еднакви права на полето на безбедноста, но сепак „воената машина“ на НАТО се приближува до границите на Русија.
„Почна воено-техничкото освојување на Украина. Немаме каде да се повлечеме. Инсистираме на повлекување на сите американски вооружени сили и оружје распоредени во Централна и Источна Европа, како и во балтичките земји. Уверени сме дека националните потенцијали во овие области ќе бидат целосно исполнети. Во таква ситуација ни се потребни безбедносни гаранции повеќе од кога било. Нагласувам: правно обврзувачки гаранции“, рече Антонов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на американското…

Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на Военото…

Американски милијардер ја презема меѓународната империја на…

Конзорциум предводен од американскиот милијардер Тод Боли…

САД одобрија можна продажба на опрема за…

Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…

Маск го удвои ветувањето: Секое дете во…

Илон Маск, најбогатиот човек во светот, објави…

ЕУ предлага санкции за една банка и…

Европската комисија предложила воведување санкции за една…