Анѓушев – порака од САД до Мицкоски, Ковачевски, Пендаровски

t

Анѓушев на американската црна листа – Најава дека борбата против корупцијата е безбедносна операција во нова брзина.

Имено, со вчерашниот вординг за објавата, САД за прв пат им порачаа дека се со оние граѓани, функционери, политичари… подготвени да се справат со корупцијата, а не со оние кои би сакале – како и до сега – да глумат дека се заинтересирани да бидат во процесот.

“Денешната акција покажува дека Соединетите држави стојат заедно со оние во Северна Македонија кои бараат одговорност за корумпираните јавни функционери”.

Бидејќи е препознато дека во вакво Скопје може да има политички договор само за:

– слаби институции до непостоење систем,

– кадровска селекција по критериум отсуство на интегритет,

– неинтегрирање на земјата по цена на дезинтегрирање на државата…

…Вашингтон непосредно испорача пораки преку еден на 3 адреси.

1. До живаљевиќ-медиумите и коморашите: веќе не се комотни. На прашањето “Колку Кочовци има Македонија”, одговорот за прв пат е: премногу.

По Камчев, ова е второ семејство кое дознава дека не е доволно да се сликаш на прием на “Калето” за да бидеш “Американец”. Ова е најнепријатната порака.

2. Како спој бизнис-политика со јавни пари од време на Груевски и Мијалков, Анѓушев е порака за ВМРО-ДПМНЕ дека од малите централи до набавките на електрична енергија окупација – се е познато. Ова е најтешката порака.

3. Најдиректната порака е до Ковачевски: Расчистувањето со Анѓушев значи исто и со кадрите на Заев како негов премиер, кои уште му се во орбитата. А во основа се кадри на југо-тајкунеријата.

Оти тоа ја прекинува целината проектирана од тројната средба Заев – Мицкоски – Пендаровски пред изборите 2020.

За почеток, заблагодарувајќи му се на Пендаровски за напорот.

Од изборот на Ковачевски зависи зад што СДСМ ќе застане на изборите. Според тоа – со кого. И, оттука, во каква позиција ќе биде по изборите.

Со (играчите на) Дака “под рака” – неповолна. Без нив – државн(ичк)а.

*Фејсбук статус на Ивон Величковски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина: Ние не ја предизвикавме украинската криза,…

Кина не ја предизвика украинската криза и…

КУЌИ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА, ВОЗОВИ ЛЕТАА ОД…

Десетици торнада го погодија централниот дел на…

Блинкен: Ако Кина не го реши проблемот…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен се закани…

Макрон: Европа мора да покаже дека не…

Европа мора да покаже дека не е…

Кина до САД: Не смеат да се…

Светот гледа дали Кина и САД заедно…