Апасиев: ДПМНЕ најдобро е да си ќути, локалната политика им се сведува само на провизии и местење на тендери
Во изминатиот период од ВМРО-ДПМНЕ постојано ја обвинуваат партијата Левица дека е во коалиција со СДСМ, бидејќи не им давале поддршка на буџетите во општините во кои градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ.
-Коалицијата СДС и Левица како по правило не дава поддршка на буџетот во општините кај што градоначалниците со од ВМРО-ДПМНЕ. Ова покажува дека коалицијата од градот Скопје се префрла и во други општини, велат од партијата, па додаваат дека таква е ситуацијата во општините Прилеп,Гевгелија, Охрид, Свети Николе, Бутел, Аеродром, како и во Велес.
-Очигледно лепакот на Тачела коалицијата во Скопје се проширил и во другите места. Развојните буџети во општините не им чинат ама затоа им чини ортаклукот во Скопје и скопските јавни претпријатија. Оваа коалиција е деструктивна и не работи во интерес на граѓаните, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, пак вели дека за ВМРО-ДПМНЕ е најдобро да молчат, бидејќи биле заинтересирани само за местење на тендери.
-Во тие општини ДПМНЕ сама има мнозинство па не им ни требаат други гласови. Онаму каде што нема, игра со ДУИ (како на пример во Велес), или со СДС и нивните коалициони пајтон партии (како на пример во Неготино или Гевгелија).
Така што, ДПМНЕ најдобро е да си ќути на темата оти се изгубен случај во локалната политика, која им се сведува само на провизии и местење на тендери, изјави Апасиев за ,,Фокус”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…