Апасиев за пораката на Мицкоски да се одреди цена за загинатите во Кочани: Ароганцијата убива

t

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, ја коментира објавата на семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани дека премиерот им кажал да одредат цена за нивните загинати деца.

– На средбата со РОДИТЕЛИТЕ на децата од Кочани во Влада, остварена на нивно барање, дури после четири месеци од трагедијата која се случи поради корумпираниот систем, нашиот и ваш премиер Hristijan Mickoski:

– не изразил сочувство за жртвите (им рекол само едно ладно “Како сте”?);

– ги обвинил дека опозицијата им ги пишувала барањата; и на крајот

– им рекол да си напишат ЦЕНА за загубените животи на нивните најмили!?

Е овој господин ни е премиер, другарки и другари.

Штипнете се и речете дека не е вистина, плс!!!

#АроганцијатаУбиваПоВторПат – напиша Апасиев на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„50 пати на улица и во судница,…

Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…

Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…

Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…

Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…

Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…

Можете да ја одложувате правдата, но не…

Родителите на загинатите млади во пожарот во…

ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетници малтретирале прваче, го…

МВР информира дека вчера попладне во 12:45…