Апасиев најави тужби и кривични пријави: Мециновиќ нема право на платено политичко рекламирање ниту во вториот круг!

t

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, преку социјалните мрежи најави кривични пријави за ААВМУ и соодветни тужби поради тоа што и во вториот круг не овозможуваат рекламирање на кандидатот за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ.

– Партиските пацови во Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги уште вчера, по сила на закон, мораа да донесат ново рогациско Упатство со кое на Амар Мециновиќ ќе му го овозможат правото на ПЛАТЕНО ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ во вториот круг!

Но, овие вмроиди втор ден се прават при очи слепи. Затоа, против сите нив поименично – на чело со подлизуркото Зоран Трајчевски – ќе бидат поднесени кривични пријави и соодветни тужби за надомест на ШТЕТА (солидарна одговорност) не само од Левица како партија, туку и од Амар како физичко лице. – напиша Апасиев на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ципрас ја промовираше партијата ЕЛАС: „Нова политичка…

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска официјално…

Трамп: Да ги броеше Исус гласовите, ќе…

Американскиот претседник Доналд Трамп денеска даде изјава…

Израел на работ на предвремени избори

Израел се приближува кон предвремени избори откако…

Вучиќ: Не се знае кој ќе биде…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се запраша…

Пратеничка удри по британскиот премиер Стармер по…

Британскиот премиер Кир Стармер, кој се опоравува…