Апасиев: Рамковна тиранија врз Владата, 11 Македонци, 10 Албанци

t

Во својата дискусија пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев рече дека ДУИ дојде до фазата да изврши рамковна малцинска тиранија врз македонската Влада, која од вечерва, ако биде избрана, ќе брои 11 министри Македонци и 10 министри Албанци. „Воведовте башибозук демократија, ние станавме косовски полупротекторат, воведовте апартхејд кога Македончиња и Албанчиња живеат одвоено, имате отворено македонофобство, непочит кон химна и знаме, а вие Османи, внимавајте да не направите тешка стратешка грешка со идно предавство со Бугарија“, рече Апасиев и додаде дека тоа нема да биде простено зашто „Македонија е долга и широка работа“.

„Kaко старите добри комунисти, дискусијата за избор на нова влада ќе ја поделам на кадровска и програмска. Во програмската ќе речам дека завршува периодот на Заев во стилот ‘си одам не си одам’, но заевизмот остана. За време на Шарената револуција имавме израз ‘Ружна ви е Владата’, а Шарената револуција потоа беше предадена, а заевизмот пак си остана. Скандал мајсторот Спасовски остана на функцијата, познат и по лажните пасоши, па уште ја протурка и Славјанка во одбана иако биографијата ѝ е празна. Бисера ‘Скафандер’ оди во култура иако најголемо достигнување ѝ е што била преведувач за Фуере и Нано Ружин“, рече Апасиев.

Тој рече дека „момчето од Горњи Милановац“ (Заев, н.з.) ѝ нанесе пораз на Македонија со Грција, Македонците станаа северномакедонци, а потоа ја одведе Македонија пред понижување и пораз со Бугарија со тендеција да не постои македонскиот јазик или да постои со фуснота.

„ДУИ „искина“ осум македонски премиерии, вие Ковачевски ќе бидете деветиот, а во таа влада ќе бидат и натаму Груби и Маричиќ, без Царовска, сите како ангели на Сороз. Додека врескаат за некакво руско мешање, земјата ни стана на нивото на Сенегал. Додека ДУИ лета орли, секое второ дете се раѓа во Шипковица. А во Југославија имаше десет пати повеќе првачиња Албанчиња, значи правите зулум и кон своите Албанци, не излегувате од национал шовинизмот и правите бејрутизација на Македонија“, рече Апасиев.

Тој нагласи дека досега непознатиот мандатар Димитар Апасиев потекнува од црвената буржоазија и по татко од СДСМ.

„За првпат разбравме од вашата биографија дека во Подгорица имало Харвард имал дисперзирани студии. Вие не сте репрезент на работничката класа туку на капитализмот, иако се декларирате како социјалдемократ. Имате три стана од четврт милион евра, автомобили, акции, сеф, можеби внатре чувате дијаманти и друг капитал, што ве прави капиталист“, рече лидерот на Левица.

Професорот Тупанчевски има најчиста биографија, а дипломирал на Ломоносов универзитет, што можеби ќе ви направи проблем, да ве третираат како руски шпион.

„Мачно ќе ви биде во Владата, ќе дојде брзо денот кога ќе ви пукне филмот и ќе си заминете“, рече Апасиев.

Зборот работници во програмата на Ковачевски е спомнат само шест пати, а зборот бизнис дури 60 пати, што само по себе говори за кого ќе работи Владата, рече на крајот пратеникот Димитар Апасиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јакимовски: Децидно сум против бирање на претседател…

Претседателот на државата, неговата сила и функција…

(Видео) Јакимовски: Мој услов за да дадам…

Доколку Јакимовски биде шеф на државата нема…

ФИНКИ нема зграда, учиме пред Влада –…

Студентите и професорите на ФИНКИ пред Владата…

Ана Брнабиќ избрана за претседател на Народното…

По тридневна расправа за избор на претседател…

Бугарија ќе добие нова Влада: Марија Габриел…

Бугарија ќе добие нова Влада. Идната бугарска…