Апасиев: „Римско право е најбитен предмет на Правен, отиде Таљат у Рим и оп – одма синот за јавен обвинител му го избраа“

t

Лидерот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека Римско право, бил најважниот предмет на Правниот факултет.

„Гледате ли оти РИМСКО ПРАВО е најбитен предмет на Правен! Отиде Таљат у Рим и оп – одма синот за јавен обвинител му го избраа“, напиша Апасиев на ФБ.

Инаку денеска, претседателот на Собранието, Талат Џафери беше на аудиенција кај Папата Франциск. Како што информираше на социјалната мрежа Фејсбук, му посакал долг живот, добро здравје и успешно извршување на светата должност.

– Нашите две земји имаат нераскинливи историски врски преку важните личности од заедничкото минато – нашата Скопјанка и Албанка, Мајка Тереза и Светите апостоли Кирил и Методиј, објави претседателот на Собранието Џафери на Фејсбук.

Во меѓувреме додека Џафери е во Рим, неговиот син беше избран за јавен обвинител.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од спонзорство на општинскиот клуб до паркинг-услуги…

Горан Герасимовски денес е потпретседател на СДСМ,…

Костовски до советниците од ДУИ и Влен…

Еднаш ќе отсуствувам од седница на совет…

Бугарија ја оданочува домашната ракија и забранува…

Новите даночни измени во Бугарија предизвикаа реакции…

Милатовиќ му одговори на Пленковиќ: Не е…

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ изјави…

Ајде да видиме сега дали ќе крадете!…

Посебно кривично дело за злоупотреби при јавните…